Советот на Општина Кочани ја одржа 32. седница, на чиј дневен ред се најдоа 21 точка. Членовите на Советот го верифицираа мандатот на новиот член на Советот Гоце Марков којшто доаѓа на местото на Перо Георгиевски.
На дневниот ред се расправаше и беше усвоен извештајот за работењето на Центарот за развој на Источен плански регион за 2022 година, годишниот извештај за спроведувањето на Програмата за развој на Источниот плански регион за 2022 година.
Беа усвоени извештаите за работењето на општинските основни училишта за учебната 2022 -2023 година. годишните програми за работа на општинските основни училишта за учебната 2023 – 2024 година. Се даде согласност за формирање паралелки со помал број на ученици во општинските основни и средни училишта. Советот даде согласност за паралелки со продолжен престој во општинските основни училишта.
Одлуката за начинот на користење и управување на салите по општинските училишта беше подобрена со измените и дополнувањата кои беа на дневен ред.
Советот донесе одлука за користење финансиски средства од постојаната резерва за доделување финансиски средства во вредност од 300.000 денари за Република Словенија како помош за последиците од поплавите во месец август.
Советот расправаше и одлучуваше по предлог одлуките од комиисите за урбанизам за бесправно изградените објекти.
Годишните планови за вработување на КЈП „Водовод“, на Општина Кочани и на ЈОУ библиотека „Искра“ за 2024 година не ја добија согласноста од страна на Советот.