Денес започна новата учебна година за 3622 ученика во основните и средните училишта во Општина Кочани.

Првиот училишен ден беше посебно свечено одбележан за сите првачиња и сите ученици во прва година од двете средни училишта. Училиштата создадоа пријатна атмосфера на прозивката пред првиот школски час, а со нив беше и градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој им посака добро здравје и успех во учењето.

Оваа учебна година во основните училишта во Општина Кочани образованието во прво одделение го започнуваат 259 првачиња за кои Општина Кочани за првпат ќе обезбеди субвенција од 3000 денари за секое запишано прваче.

Во основното образование  оваа  учебна 2023/2024 година  настава ќе посетуваат   2366 ученика од прво до деветто  одделение во петте основни училишта во задолжителното образование како и 160 ученика во основното музичко училиште.

За учениците во основно образование кои се под социјален ризик во месец септември Општина Кочани  ќе и  додели училишен прибор и ранци согласно Програмата за поддршка на образованието .

Во средното образование во  двете средни општински училишта  настава ќе посетуват 1096 средношколци од кои 253 кои се запишани во прва година.