На 22 април, Советот на Општина Кочани ја одржа 45. седница, на која  го усвои Извештајот за извршување на Буџетот на Општина Кочани за првиот квартал од  2024 година и донесе Одлука за изменување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Кочани за 2024 година.

Членовите на Советот ја усвоија Одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план за Градска четврт 6 од ГУП за град Кочани, а донесоа и одлуки за технички исправки во детални урбанистички планови.