Кочани, во неделата беше домаќин на педесетина историски возила – олдтајмери, кои во Трговскиот центар беа претставени на изложба под наслов „Зрно по зрно“.

Јавноста можеше да види повеќе модели автомобили што се возеле во минатото, на сопственици од Кочани, Кавадарци, Куманово, Свети Николе, Велес, Македонска Каменица, Тетово и Скопје. Изложени беа и 15 возила од Република Србија.

Настанот беше организиран од Автомобилското здружение „Љубители на класик мини“ од Скопје,  во соработка со Општината Кочани.