На 12 јули, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани, Советот на Општина Кочани ја одржа 30. редовна седница.
Членовите на Советот ги усвоија Извештајот за реализација на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2023 година; донесоа одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Изградба на фекална канализациска мрежа на дел од населеното место Оризари“ и одобрија финансиска помош во висина од 60 илјади денари на Здружението за поддршка на талентирани деца и млади „Бистри умови“ од Кочани.
Советот не ги изгласа предлог-одлуките на КЈП „Водовод“ за утврдување нови тарифи за водата за пиење, за прочистување на отпадните води и за собирање и одведување на урбаните отпадни води и не го усвои полугодишниот извештај за работењето на комуналните редари во Општина Кочани.
Советот на Општина Кочани донесе одлука објектот Мултикултурен центар во градот Кочани да се именува со име „Академик Иван Дејанов“; Спортската сала во Кочани – „Сашо Лазарев-Чапо“ и улица со технички број – „Љупчо Василев“.
Советот даде согласност за годишните планови за вработување за 2024 на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ , ОУ „Раде Кратовче“, СОУ „Љупчо Сантов“ и на ЈОУБ „Искра“ и ги усвои двата елабората за процена и утврдување на висината на штетите од природните непогоди поплава и град што го зафатија подрачјето на Општина Кочани на 24 јули 2022 година.