Завршени се двата мурала на улица „Димитар Влахов“ во Кочани кои на влезот на градот му дадоа урбано обележје.

Муралите претставуваат комбинација на традиционални и карактеристични мотиви за Кочани, во кои доминираат фолклорни елементи, препознатливи објекти од општината и стилизација на оризот како специфична култура за Кочанско. Во периодот кој следува просторот опфатен со мурали ќе биде осветлен, што ќе овозможи уште поавтентичен изглед и амбиент.

Муралите се изработија во рамките на Петровденската програма и Програмата за култура на Општина Кочани.