ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Новости

Во Кочани се одбележува 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите

Во Кочани се одбележува 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите

Утрово, на јарболите пред зградата на Општина Кочани беше кренато ромското знаме, симбол на идентитетот, културата и историјата на Ромите ширум светот, со што продолжува одбележувањето на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите. Со овој чин беше испратена порака за почитување на различностите и градење инклузивно општество во кое сите граѓани имаат еднакви можности.

 

По подигнувањето на знамето, градоначалникот Владко Грозданов приреди прием за претставници од ромската заедница во Кочани. На средбата се разговараше за актуелните предизвици, но и за постигнатите резултати и идните активности насочени кон подобрување на условите за живот, образованието, вработувањето, домувањето на Ромите.

Градоначалникот упати честитки по повод празникот, истакнувајќи дека Општина Кочани останува посветена на унапредување на еднаквоста, меѓусебната почит и соработката со сите заедници. Претставниците на ромската заедница изразија благодарност за вниманието и поддршката, потенцирајќи ја важноста на заедништвото за создавање подобра иднина.

Одбележувањето на 8 Април во Кочани е потсетник дека културната разновидност е богатство, а заедништвото – основа за напредок на целата заедница.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email