Комисијата за доделување награди и признанија на Општина Кочани, одржа седница на која се разгледуваа пристигнатите предлози за наградите за животно дело и за значајни остварувања.

На краткиот состанок, Комисијата одлучи да продолжи со работа во вторник, на 7 јули , за да им се овозможи на граѓаните коишто го пропуштиле предвидениот рок за доставување предлози, дополнително да достават преку членовите на Комисијата, што е во согласнот со законските прописи.

Досега, до Комисијата е пристигнат еден предлог за животно дело и четири предлози за наградата за значајни остварувања.