На три локации на улицата „Страшо Ербапче“ во Кочани во тек е санација на оштетената асфалтна површина околу сливните решетки.
Изведувачот на работите, градежната фирма „Коле транс инженеринг“ ги поправа прекопите на улиците и оштетените коловози со топла асфалтна маса.
Во наредниот период ќе се санираат оштетени асфалтни површини и на улиците „Маршал Тито“, „Димитар Влахов“, „Скопска“, „Ристо Симеонов“, „Павлина Велјанова“, „Македонска“, „Ване Грдовјански“ и др.
Изминатиот период со топла асфалтна маса беа извршени поправки на улиците „Партизанска“, „Митко Беќарски“ и „Шукри Шаин“.
За крпење на прекопи на улици и оштетени асфалтни површини оваа година се издвоени 3.326.042 денари од општинскиот буџет.