Министерството за образование одобри 13.558.022 денари за реконструкција на дел од кровот на ОУ „Свети Кирил и Методиј“ во Кочани.

Средствата се обезбедени со измените на Програмата за изградба и реконструкција на основни училишта, по апликација од страна на Општина Кочани на јавниот повик за финансирање проекти за изградба и реконструкција на училишни објекти од буџетот на МОН.

Целосната постапка за реализација на одобрениот проект ќе ја спроведе Министерството за образование.