Делегации од Општина Кочани, Советот на Општината, од ОУ „Свети Кирил и Методиј“ и Здружението „Јосип Броз Тито“ им оддадоа почит и положија свежо цвеќе на споменикот на сесловенските просветители, браќата свети Кирил и Методиј.
Почит на основоположниците на словенската писменост и култура oддадоа и првачињата од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ и нивните наставници.
Оваа активност е дел од програмата за одбележување на патрониот празник на ОУ „Свети Кирил и Методиј“, која пак започна со театарската претстава ,,Волшебникот од Оз“ во реализaција на учениците од училиштето и волонтерот од Мировен корпус, Маура Паркс.
По повод Денот на сесловенските просветители и патрониот празник на училиштето, во Центарот за култура „Бели мугри“ во 19.30 ч. ќе биде приредена свечена академија.