Дејан Богданов, ученик од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ е победник на турнирот во шах што се организираше со учениците од основните училишта во Кочани.

Второто место го освои Александар Манев од ОУ „Св. Кирил и Методиј“, а трет е Никола Николов од „Малина Попиванова “.

На турнирот учествуваа 32 ученици од петте основни училишта во Кочани. На најуспешните им беа доделени награди.

Турнирот во шах се организира по иницијатива на Општина Кочани и наставниците по физичко. Всушност, во Програмата за основно образование, шахот како наставна тема е вметнат во предметот физичко и здравствено образование.