Општина Кочани  преку  шемата за мали грантови финансирана од Европска Унија и Советот на Европа – РОМАКТЕД програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ обезбеди грант за реализација на проектот Реконструкција на два крака на улицата „Стамен Манов“.

Во рамките на овој проект се предвидува бетонирање на два крака коишто ги поврзуваат улицата „Стамен Манов“ со м.в. Колерски гробишта, во вкупна должина од 255 м и ширина од 3,5 м.  За имплементација на овој проект се потпиша договор  помеѓу Советот на Европа и Општина Кочани, а Советот на Општина Кочани донесе одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот.

Оваа иницијатива е приоритет на Општинската работна група произлезена по предлог на Акциската група на заедница и усогласена со Институционална работна група и е во согласност со Заедничкиот акционен план за развој на ромската заедница во Општина Кочани 2019 – 2020, усвоен од Советот на Општина Кочани.