На 23 јули, во утринските часови, се спроведе втората фаза од авионското третирање против комарци.
Се прскаше со еколошко средство за уништување на комарци „Aуродил супер ПБ“, одобрено од Бирото за лекови. Со авиотретирањето беа опфатени 1350 хектари, површини во градското подрачје на Кочани и во дел од низинските села што припаѓаат на територијата на општина Кочани. Со прскање беа опфатени поплавените села во Кочанска Котлина на додатна површина од 600 ха, финансирани од Владата на Република Македонија.
Доколку дозволат временските услови, следната фаза од третманот против комарците во Кочанско ќе се реализира на 29 и 30 јули.
Прскањето против комарци е планирано со општинската Програма за заштита на населението од болести за 2015 година, а се реализира со средства од Буџетот на Општина Кочани.