На 21 и 23 март, екипи од Комуналното јавно претпријатие и Центарот за јавно здравје – Кочани извршија вонредна општа дератизација во која беше опфатена канализациската мрежа со акцент на ризичните места каде што постои можност од присуство на глодари.

„Водовод“, претходно ги воспостави законски пропишаните заштитни зони околу бунарскиот систем како основен извор за водоснабдување на Кочани и околните населени места. Заштитена и контролирана е и околината на резервоарите по зони на притисок, по што е извршено чистење за заштита од контаминација на глодари.

Со вонредната дератизација е опфатена и Градската депонија во Кочани, за што се употребени соодветни хемиски препарати.

Дератизацијата е извршена согласно заклучоците на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и по барање на градоначалникот на Општина Кочани, по поплавите во Кочанско од минатиот месец.