Советот за развој на Источниот плански регион на 16 седница што се одржа на 14 мај во Берово, за претседател го избра Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.
На седницата присуствуваа градоначалниците на сите 11 општини од овој регион, кои одлуката за новиот претседател ја донесоа едногласно.
Димитровски доаѓа на местото на досегашниот претседател Тони Тоневски, градоначалник на Општина Пробиштип, и ќе биде прв човек на Советот за развој на Источниот-плански регион во следните две години.