Од десната страна на улицата ќе се изгради тротоар – на 800 м ќе бидат поставени бетонски павер елементи, со што целосно ќе биде уредена и пешачката зона.
„Роза Петрова“ е една од најфреквентните улици во Кочани која поврзува дел од неколку големи населби во градот: Текешински Лозја, Драчевик, Калиманова Глава и Валог. Изградбата на неколку нови колективни објекти за домување дополнително го зголеми нејзиното сообраќајно значење, а таа е една од комуникациските врски на западниот влез на Кочани со туристичкиот локалитет Пониква. Со претстојната реконструкцијата ќе се поправат оштетувањата и ќе се подобри сообраќајната сигурност.
За реализација на овој проект е обезбедена финансиска поддршка од државата преку Министерството за локална самоуправа односно Бирото за регионален развој во висина од 5,5 милиони денари, а Советот на Општина Кочани донесе одлука за конфинансирање.
Службите за јавни набавки очекуваат постапката да заврши до крајот на август, а градежните работи на терен да почнат есенва.