Деновиве за време на 30. Меѓународен фестивал „Сурва“ кој се одржа во Перник, Р. Бугарија, градочалниците на Општина Кочани, Љупчо Папазов и Општина Перник, Станислав Владимиров потпишаа меморандум за соработка помеѓу двете општини.

Досега двете општини соработуваа најмогу на полето на културата со размена на фолклорни, сурвакарски и музички групи итн.

Со потпишаниот меморандум за соработка се очекува поголема соработка помеѓу општините, споделување на повеќе искуства, добри практики, како и поддршка во развојот и во други области во работењето на општините.