Деновиве, градоначалникот Љупчо Папазов оствари работна средба во Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-Свест, со цел разменување мислења и идеи во врска за нови можности за индивидуално и централно греење во Општина Кочани.
Меѓународната мрежа СЕЕ Bankwatch Network заедно со Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-Свест како нејзина членка повеќе од 15 години е дел од проектните активности поврзани со енергетскиот сектор и климатските промени, работатa на промовирање и воспоставување одржливи практики за загревање на домаќинствата.
Целта на работната средба е воспоставување систем за централно греење во Кочани за загревање на кочанските домаќинства, бидејќи Кочани како град поседува голем потенцијал за искористување на модерни технологии засновани на обновливи извори на енергија.