Во текот на вчерашниот ден заинтересирани фирми за кочанскиот ориз од Војводина остварија средба во Општина Кочани со локалните производители и преработувачи на ориз и со градоначалникот Љупчо Папазов, со цел пробивање на кочанскиот ориз на тамошните пазари и капацитети со кои тие располагаат.

На работниот состанок преку прикажана презентација присутните најпрвин се запознаа со ЈКП „Тржница“ Нови Сад, а потоа следуваа дискусии околу производството, квалитетот и пласирањето на странски пазари на кочанското бело злато, кое е познато и надвор од нашите граници.