В четврток, на 22 март, на Светскиот ден на водите, во ресторанот „Але-дар“ во Кочани, Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ ќе ја одбележи 50-годишнината од основањето.
На свечноста, за значењето на комуналните дејности во општината и за реализираните проекти ќе говорат градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев и в.д. директорот на КЈП „Водовод“, Андреј Киров.
Според најавената програма, на претставниците на најголемите донатори во комуналната сфера во Кочани ќе им бидат доделени благодарници.
На настанот ќе биде презентиран и најуспешниот труд од одржаниот натпревар на тема: „Важност и предизвици на третманот на отпадните води“, а „Водовод“ ќе ги награди и најуспешните училишни средношколски тимови од овој натпревар.
Свеченоста ќе започне во 12 ч.