Во вторник, на 6 март со почеток во 11:30 часот во просториите на поранешната матична служба во селото Долни Подлог ќе се одржи повторна јавна презентација по Урбанистичкиот план за селото Долни Подлог, КО Долни Подлог, Општина Кочани, плански период 2017 – 2027 предлог план.

Во периодот од 5 до 9 март се спроведува јавна анкета по Урбанистичкиот план за село Долни Подлог. Во овој рок заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови коишто можат да се земат од Едношалтерската канцеларија во општинската зграда.

Графичкиот прилог на овој урбанистички план може да се види на огласната табла пред зградата на Општината и на веб-страницата на Општина Кочани www.kocani.gov.mk.

Детални информации можат да се добијат во Одделението за урбанизам и заштита на животна средина, на првиот кат во општинската зграда.