Пречистителната станица за отпадни води се наоѓа во село Мојанци, Кочани. Станува збор за проект финансиран од страна на Швајцарската агенција – СЕКО, капитален објект во кој се применува најсовремена технологија за пречистување и третман на отпадните води и се промовира самоодржливоста, кадешто 70% од енергијата која се троши е од сопствено производство.