По повод одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на македонскиот национален херој, организатор и водач на македонското револуционерно движење – Гоце Делчев, денеска делегации составени од градоначалникот Љупчо Папазов, член на Советот на Општина Кочани, раководниот тим од Подрачното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Горни Подлог, како и делегација од ВМРО-ДПМНЕ, положија свежо цвеќе на бистата на Гоце Делчев во училишниот двор во селото Горни Подлог.

Бистата на Гоце Делчев во дворот на училиштето е поставена на 4 мај 1984 година.
Ова училиште до 2005 година функционираше како централно основно училиште и го носеше неговото име.