Во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска банка, Општина Кочани аплицираше со под-проекти за Реконструкција на постоечка ул.”Гошо Викентиев” со должина од 243,0м и Реконструкција на постојна ул.”Раде Кратовче” со должина од 543,0м. Во најскоро време се очекува започнување на градежните работи на овие проекти.
Единицата за имплементација на проектот (ЕИП) во рамките на Министерството за транспорт и врски согласно политиките и барањата во делот на животна средина и социјални аспекти на Светска Банка, односно Рамката за животна средина и социјални аспекти – Стандард за животна средина и социјални апскети 10, воведе Механизам за жалби и поплаки со кој ќе се обезбеди одговор на сите жалби и поплаки, особено на засегнатите и заинтересирани страни и заедницата севкупно.
Како дел од спроведувањето на проектите,Општина Кочани пред започнување на градежните работи е обврзана да ја информира јавноста, локалното население и останатите засегнати страни дека можат да земат активно учество преку Механизам за жалби и поплаки, а со тоа и самите да се вклучат во реализацијата на проектите.Граѓаните тоа ќе можат да го сторат преку два документи и тоа: Механизам за жалби и поплаки преку примање на жалби и поплаки и нивно процесуирање и решавање и Образец за поплаки за целото спроведување на проектите во делот на неговата реализација при изведувањето на градежните работи на терен.
Во прилог се поставени двата документи кои на официјалната веб страна на Општина Кочани ќе останат објавени се до завршувањето и затворањето на проектите.
Образец за поплаки за целиот период на спроведување на проектот