Соопштение
Општина Кочани како организатор на ПЕТРОВДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ го продолжува правото за учество на турнирот и ги повикува фудбалските екипи да се пријават до 10.06.2021 година
Екипите се должни при пријавувањето да уплатат котизација од 2 000 денари на с-ка 210041087870107 – ОФС Кочани, да достават име на екипата и список од десет играчи со наполнети 16 години.
Пријавите може да се подигнат од едношалтерската канцеларија на Општина Кочани
или од официјалната веб страна www.kocani.gov.mk
Жребувањето е на 16.06.2021 година, а натпреварите започнуваат по договор на екипите.
Дополнителни информации на тел: 077 892 734 или 072 275 610