Започна 32. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“. По тој повод градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов организираше прием на гости од збратимените општини, официјални делегаци од Општина Нови Кнежевац од Република Србија, Општина Никшич од Република Црна Гора, Општина Мурат Паша од Република Турција, Општина Крижевци од Република Хрватска и Општина Перник од Република Бугарија, како и Фолклорни ансамбли од Република Црна Гора, Република Србија и Република Словенија.
Годинава манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ ќе трае од 29 септември до 1 октомври со низа настани, а официјалниот дел од празнувањето со традиционалното зажнејување ќе се случува во недела на 1 октомври во село Мојанци, со почеток во 10:30 часот.