Во пресрет на Петровден, празникот на Општина Кочани, градоначалникот Ратко Димитровски приреди прием за наградените ученици на државни и на меѓународни натпревари од основните и средните училишта во Кочани.
Димитровски им упати честитки на учениците за постигнатите успеси на натпреварите, за освоеното прво место во државата и им се заблагодари за достојното претставување на нашата општина во пошироки рамки. Притоа им порача да бидат трудољубиви, човечни и секогаш жедни за нови знаења.
Годинава први места на државни и меѓународни натпревари освоија: Давид Јакимов од ОУ„Св.Кирил и Методиј“, Стеван Богданов од ОУ „Никола Карев“, Стојанче Велков од ОУ„Раде Кратовче“, Христијан Павлов од ОУ „Малина Попиванова“, Уна Гранков, Иван Милосов, Тамара Охомуш и Андреј Петров од ОМУ„Ристо Јуруков“.
Наградите пак, на првенците на генерацијата ќе им бидат врачени на свеченоста што ќе се одржи на 12 јули во салата на Мултикултурниот центар во Кочани. Од минатата година, тие добиваат и бесплатно летување на островот Паг во Република Хрватска.