В петок, на 24 ноември, со почеток во 12 ч. во Салата на Советот, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организира инфоден за презентација на активностите.

Пред заинтересираните ќе биде претставена програмата на Европската комисија во делот на образованието, обуката и младите, „Еразмус плус 2014-2020“, како и иницијативите на ЕУ, „Еуропас“ и „Евридика“. Исто така ќе бидат истакнати деталите од досегашните успешно спроведени проекти.

Преку имплементацијата на програмата „Еразмус плус“ во Република Македонија ќе се обезбеди огромна поддршка на образованието, обуката, младите и спортот. „Еразмус плус“ ќе придонесе кон надградба на институционалните капацитети како и личен и професионален развој на сите чинители во полето на образованието, обуката, младите и спортот.