На конститутивната седница на Советот на Источниот плански регион што се одржа во Штип, за претседател на Советот на градоначалници од Регионот е избран Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

– Сметам дека ова е само уште една дополнителна обврска и одговорност пред сите граѓани на верниот Исток. Очекувам добра соработка со колегите градоначалници и јас ќе бидам прв меѓу еднаквите кој ќе се бори за секој проект, за секоја идеја што ќе придонесе за подобар живот и подобар развој на Истокот, кој подолго време е запоставен. Веројатно ова ни е една од ретките, не сакам да кажам и последна шанса да направиме еден чекор повеќе, да се надминеме сите заедно и да направиме резултати и проекти со кои ќе успееме дел од луѓето кои останаа да ги задржиме, а да работиме и на создавање услови дел од нив кои ја напуштија оваа земја и регионот, да се вратат и да дадат придонес во развојот на државата – изјави претседателот Илијев.

Советот постигна договор првите две години претседателот да биде од Општина Кочани, а во наредните две години таа функција да ја има градоначалникот на Штип.