Во организација на Општина Кочани, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани се одржа трибина на тема „Темелна реформа за подобро, поквалитетно образование за нашите деца“.

Пред родители, наставници и директори на основните училишта, а во присуство на градоначалникот Николчо Илијев и општинските служби за образование, новата концепција  за основно образование ја претстави проф. д-р Кирил Барбареев,  еден од членовите на работната група за реформи во образованието.

Барбареев детално ги образложи четирите столбови на новата концепција: целите на основното образование, инклузивноста, родовата рамноправност односно сензитивност и интеркултурноста.

Во дискусии со присутните беше истакната потребата учениците во основното образование да се научат како да учат во натамошното образование и во животот воопшто; како критички да размислуваат, да го практикуваат наученото, како да се развива претприемачки дух кај нив…

Презентацијата беше реализирана со спроведување на мерките и препораките за заштита од ковид-19.