Пред родители, наставници и директори на основните училишта, а во присуство на градоначалникот Николчо Илијев и општинските служби за образование, новата концепција за основно образование ја претстави проф. д-р Кирил Барбареев, еден од членовите на работната група за реформи во образованието.
Барбареев детално ги образложи четирите столбови на новата концепција: целите на основното образование, инклузивноста, родовата рамноправност односно сензитивност и интеркултурноста.
Во дискусии со присутните беше истакната потребата учениците во основното образование да се научат како да учат во натамошното образование и во животот воопшто; како критички да размислуваат, да го практикуваат наученото, како да се развива претприемачки дух кај нив…
Презентацијата беше реализирана со спроведување на мерките и препораките за заштита од ковид-19.