Врз основа на член 33 став (1) алинеја 1 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/2006, 2/20012 и 4/2015), ја свикувам 56-тата седница на Советот на Општина Кочани за 29.04.2021 година, (четврток),со почеток во 09.00 часот во Мултикултурниот центар- Кочани,  со следниот предлог за

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за период I квартал 2021 година
  2. Предлог- одлука за давање на трајно користење без надоместок на движни ствари-персонални компјутери, сопственост на општина Кочани.
  3. Предлог- програма за измена и дополнување на Програмата изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2021 година
  4. Предлог- програма за изменување на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2021 година.
  5. Предлог- одлука за  измена на распоред на средствата  на Буџетот на Општина Кочани за 2021 година
  6. Предлог- план за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки на општина Кочани за 2021 година.
  7. Предлог- план за изменување и дополнување на Планот на програми за развој на општина Кочани за период 2021-2023.
  8. Предлог- одлука за утврдување приоритетни проекти.
  9. Предлог- одлука за сопствено учество – кофинансирање на проект „Изградба на локален пат  мв.Крушка – мв.Ајдар втор дел .
  10. Предлог- одлука за сопствено учество- кофинансирање на проект  Реконструкција на ул„Роза Петрова“ втор дел.
  11. Предлог- одлука за сопствено учество- кофинансирање на проект  изградба на   ул .„563“- Лесна индустрија.
  12. Извештај за работењето на КЈП „Водовод“ – Кочани за период од 01.01.до 31.03.2021 година, со финансиски показатели.
  13. Проекција за користење на водата за пиење во сезоната пролет-лето 2021 година, од системот за водоснабдување.
  14. Годишен извештај за работењето на Центарот за развој на Источен плански регион за 2020 година.
  15. Годишен извештај за спроведувањето на Програмата за развој на Источниот плански регион за 2020 година.
  16. Извештаи за работењето на овластените  инспектори на Општина Кочани во 2020 година.
  17. Информација за работата на НУ Центар за култура „Бели мугри”- Кочани за 2020 година и Програма за работа во 2021 година
  18. Информација за состојбата со дивите депонии во градот и населените места со предлог мерки за нивно разрешување.
  19. Информација во врска со одржувањето на ДАФ во Кочани – 2021 година.
  20. Информација за загуби на вода во водоснабдителниот систем на КЈП Водовод Кочани и процент на наплата на комуналните услуги по реони.
  21. Информација за постапката за изработка на Локална урбанистичко планска документација со намена А1 – домување во станбени куќи.
  22. Информација од ОВР Кочани за ситуацијата со безбедноста, кражбите и разбојништвата во последните два месеца на територија на општина Кочани
  23. Информација за состојбата со Корона вирусот Ковид- 19 на подрачјето на Општина Кочани.