Денеска, на неколку сообраќајници во градот, Општина Кочани преку сообраќајните инспекциски служби во соработка со Полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе превентивна активност за зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот.
Службените лица опоменуваа, советуваа и делеа летоци и вода на пешаци, мотоциклисти, велосипедисти и возачи на моторни возила.
Акцијата има за цел да го подобри степенот на сообраќајната култура и да им посочи на учесниците во сообраќајот да се однесуваат совесно, безбедно и одговорно и да ги почитуваат правилата и прописите, со што ќе се намалат сообраќајните прекршоци и незгоди.