Со цел за отпочнување на постапка за доделување на договор за јавна набавка за НАБАВКА која ќе се спроведува согласно Практичниот водич за процедури за доделување на договори за ЕУ надворешни активности (ПРАГ 2025), а кои ќе бидат дефинирани во тендерската документација-НАБАВКА (SUPPLY)) НАБАВКА на ИТ опрема: персонални компјутери и тотеми за проектот „Модели и алатки за зајакнување на отпорот и отпорноста на шумски пожари во природни заштитени подрачја и поврзување на природата и урбаните области – RES2FIRE “, финансиран од IPA-ADRION програмата на ЕУ, Општина Кочани спроведува анализа на пазарот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате во горенаведената постапка, Ве замолуваме прашалникот да го пополните и веродостојноста на пополнетиот прашалник да ја потврдите со потпис на одговорното лице на Вашата компанија/организација/физичко лице и истиот скениран да ни биде вратен на следнавa емаил адресa: dijana.apostolova@kocani.gov.mk или директно во општина Кочани на ул.„Раде Кратовче“, бр.1 2300 Кочани, -Проектна канцеларија – Сектор за планирање и развој не покасно од четврток 10.07.2025 до 12.00 часот.