Со цел за отпочнување на постапка за доделување на договор за јавна набавка за УСЛУГИ која ќе се спроведува согласно Практичниот водич за процедури за доделување на договори за ЕУ надворешни активности (ПРАГ 2022), а кои ќе бидат дефинирани во тендерската документација-УСЛУГИ (SERVICES) УСЛУГИ за експертиза – за подготовка на тендерска документација за најмалку 2 тендерски постапки по ПРАГ и за експертска поддршка на проектниот тим од Општина Кочани за имплементација на проектот Beyond the Urban финансиран од URBACT IV.
Ве замолуваме прашалникот да го пополните и веродостојноста на пополнетиот прашалник да ја потврдите со потпис на одговорното лице на Вашата компанија/организација/физичко лице и истиот скениран да ни биде вратен на следнавa емаил адресa: dijana.apostolova@kocani.gov.mk или директно во општина Кочани на ул.„Раде Кратовче“, бр.1 2300 Кочани, Сектор за планирање и развој, не покасно од петок 09.02.2024 до 12.00 часот.