Почнува изградбата на новиот кружен тек што ги спојува улиците „Тодосија Паунов“ и „Индустриска“.
Минатата седмица изведувачот на работите, „Стоименов“ започна со изградба на ограден ѕид и со други подготвителни работи.
Паралелно со овој, ќе се гради и кружниот тек што ја спојува улицата „Тодосија Паунов“ со „Кирил Ѕ’мбов“, поранешна „Енгелсова“, кај печатницата „Генекс“. Тој ќе има радиус од 10,5 м, а во негова функција е и изградбата на потпорни ѕидови во должина од 100 метри, од јужната страна на улицата.
Од петте планирани, досега се изградија два: кружниот тек којшто ја вкрстува улицата „Тодосија Паунов“ со „Македонска“ и веднаш до него, којшто е спој со улицата „Киро Кикенски“.
Се очекува новите сообраќајни елементи да овозможат побезбедно и полесно движење на фреквентната улица.