Општина Кочани во соработка со КЈП „Водовод“ започна пролетна акција за озеленување на градските површини.
Од денеска па во наредниов поволен период етапно ќе се засадат околу 300 садници на повеќе локации низ општината.
Акцијата започна со озеленување на површини во централното градско подрачје. Засадени се 35 висококвалитетни садници од видот туја смарагд, каталпа нана, бреза и јавор покрај детските игралишта, во малите паркови и пред општинската зграда.
Надлежните служби упатуваат повик за грижа кон зелените површини, со апел: Ако не можете да го одржувате зеленилото, не го уништувајте!
Ова е уште една од мерките за почист воздух во градот, планирана со Програмата за заштита на животната средина. Садниците се обезбедени со јавна набавка, со средства од општинскиот буџет.