На 24 ноември во 10 ч. во салата на Советот на Општина Кочани новите стипендисти на Општина Кочани ќе ги потпшат договорите за користење на стипендијата.

Со одлука на Комисијата за доделување стипендии, во студиската 2015/16 година Општина Кочани ќе стипендира 25 жители на Кочани, редовни студенти на државните универзитети во државава.

Според критериумите за добивање стипендија, успехот носеше најмногу 70 бода, материјалниот статус до 20 бода, а пет бода имаа децата на самохрани родители. Приоритет имаа децата кои до полнолетството престојувале во домови за згрижување во Република Македонија. Студентите од Градежен, Архитектонски, Геодетски и Технолошки факултет имаа дополнителни пет поени, бидејќи нивните струки, со одлука на градоначалникот, беа утврдени за дефицитарни.

Првпат Општина Кочани додели стипендии во 2009/10 година, а досега се доделени вкупно 171 стипендија.