Денеска во просториите на Општина Кочани, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Локалната самоуправа на Општина Кочани, Суад Мехмед го потпишаа Колективниот договор на Општина Кочани.
Со потпишувањето на овој колективен договор се уредуваат обврските, правата и другите прашања во врска со работниот однос на вработените при Општина Кочани, односно утврдување на критериумите за годишен одмор, платените и неплатените одсуства, надоместоците на плата и другите примања заради усогласување на пазарот на трудот, исплата на регрес за годишен одмор итн.
-Денес после низа години и многу обиди, го потпишавме колективниот договор на Општина Кочани. Голема благодарност до градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов кој ја разбра улогата на синдикалната организација и ја прифати како рамномерен партнер. Нашите вработени го почитуваат овој мотивирачки пристап на градоначалникот и со односот кон работата и граѓаните ќе докажат дека ова е вистинскиот потег и насока во која треба да се движиме, – истакна Суад Мехмед, претседател на Синдикалната организација при Локалната самоуправа на Општина Кочани.
За првпат е потпишан ваков колективен договор за вработените во Општина Кочани со кој се уредуваат нивните права, обврски и одговорности со врска со работниот однос.