Вчера, мобилниот инфобус кој е партнерство меѓу Американското катче во Штип и библиотеката „Гоце Делчев“ во Штип, беше во посета на Кочани. Кочанските ученици имаа можност да се запознаат со оваа патувачка библиотека, којашто посетува различни градови и нуди активности за младите со кои тие подобро се запознаваат со американската култура, образование, англискиот јазик, напредните технологии како виртуелна реалност итн.

На настанот во СОУ „Љупчо Сантов“ и ООУ „Кирил и Методиј“ присуствуваше делегација од Амбасадата на САД меѓу кои Ерик Мејер, вршителот на должност Амбасадор на С.А.Д, Шери Кинисон Хол и од Бирото за европски и евроазиски прашања како директорка на канцеларијата за односи со јавност и дипломатија.

По средбата со учениците, присутнитната делегација го посети Споменикот на слободата и се запознаа со сите негови знаменитости и испишана историја.