Во склоп на доуредување на Градскиот Парк и опремување со реквизити, поставен е часовник кој дополнително ќе го краси просторот.

Станува збор за донација од АД Инса – Белград и Инса Водаинженеринг од Велес како генерални застапници на Инса од Белград.

Часовникот е четворостран, кадешто сите четири мерни површини се со лед ослетлување и истиот е поврзан на градското осветлување што овозможува видливост и во вечерните часови.