Оваа реакција е насочена кон Канал 8 Телевизија, но имајќи го во предвид нивното делумно и селективно првично споделување на демантот од страна на Општина Кочани, оваа реакција ја проследуваме до сите медиуми.
Имајќи во предвид дека по завршувањето на сите активности и процедури од споменатиот проект во првичната објава на Канал 8 Телевизија, Општина Кочани како краен корисник на резултатите од проектот, чувствува должност да ја запознае пошироката јавност со реалната ситуација.
Го замолуваме именуваниот медиум во иднина доколку има прашања за работите од надлежност на општината, истите да бидат упатени до неа на соодветен начин од каде што ќе добијат конкретен одговор, со цел медиумот да може да изготви соодветна, точна информација која би била реална и транспарентна, а не да ги пишуваат нивните текстови според други насоки и за други цели.
Можеби одговорите на некои од споменатите прашања и дилеми за нефункционирањето и недовршувањето на споменатите проекти би ги добиле од државните институции и централната власт.
А во однос на транспарентноста, таа се мери од страна на национални и меѓународни, релевантни организации и институции, а не лично од Вашата медиумска куќа.