Се повикуваат правните и физичките лица – даночни обврзници, по основ на данок на имот и комунални такси да си ги платат заостанатите, а доспеани даночни обврски.

За неплатени обврски за комунална такса до 2022 година, Општина Кочани има законска обврска да ги блокира сметките.

Поради неподмирен даночен долг, обврзниците ќе бидат изложени на трошоци за присилна наплата и камата сметана во износ од 0,01 % од главниот долг за секој ден задоцнување.

Информации кај службениците:

Марија Таушанова-Тошева – 072 275 683

Марија Илиева – 072 306 068

Иван Андов – 072 275 642

Мустафа Саидов – 072 275 697

Одделение за даноци, такси и надоместоци

Општина Кочани