Во согласност со Програмата за социјална, детска и здравствена заштита и Програмата за поддршка во образованието, Општина Кочани обезбеди 164 училишни пакети за учениците од 1 до 9 одделение чии родители се приматели на социјална помош.
Обезбедените училишни пакети се составени од училишен прибор и ранци.
Денеска градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов ги подели училишните пакети на учениците во ОУ „Никола Карев“.