Деновиве се работи на промена на прозорците во Подрачното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во село Прибачево.

Со заменувањето на прозорците се овозможуваат подобри услови за настава, како и придонесување кон енергетската ефикасност на објектот во текот на претстојната зима.