Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/20, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), Градоначалникот на Општина Кочани го издава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека се организира јавна презентација и јавна анкета по Изменување и дополнување на ДУП за Градска четврт 9, за проект “Купи куќа за млади”, Блок 8 и 9, КО Кочани, Општина Кочани, плански период 2019-2024 предлог план со Технички број 0801 – 484/19 од мај 2020, изработен од Друштво за трговија и услуги БИЛД УРБАН ДООЕЛ Скопје, со површина 2,28 ха . Изменување и дополнување на ДУП за Градска четврт 9, за проект “Купи куќа за млади”, Блок 8 и 9, КО Кочани, Општина Кочани, плански период од 2019- 2024 г. се наоѓа во југозападниот дел од градот Кочани Границите на планскиот опфат се следните:

– на север границата започнува од најсеверната точка 12, се движи во југоисточнен правец по оската на улицата “1-ви Мај (Сервисна улица 8.К- согласно планираниот профил со ДУП за Градска Четврт 9, за проект “Купи куќа за млади” KO KOЧАНИ, Општина Кочани Плански Период 2016 – 2021) до најисточната точка 10.
– на исток границата започнува да се движи во југозападен правец од најисточната точка 10, по оска на улицата “Роза Петрова” (Сервисна Улица 8.Б- согласно планираниот профил со ДУП за Градска Четврт 9, за проект “Купи куќа за млади” KO KOЧАНИ, Општина Кочани (Плански Период 2016 – 2021) до точка 9, каде скршнува и се движи по осовина на десниот магистрален канал до најужната точка 2
– на југ од најужната точка 2, границата се движи во северен правец по ооска на Улица “1-ви Мај”(Станбена улица-10-согласно планираниот профил со ДУП за Градска Четврт 9, за проект “Купи куќа за млади” KO KOЧАНИ, Општина Кочани (Плански Период 2016 – 2021) до точка 1, и скршнува во западен правец по оска на Станбена улица 9 (согласно планираниот профил со ДУП за Градска Четврт 9, за проект “Купи куќа за млади” KO KOЧАНИ, Општина Кочани (Плански Период 2016 – 2021) се до најзападна точка 14.
– на запад границата започнува од најзападната точка 14, се движи во северо- источен правец по оска на Улица “Бел Камен”(Станбена улица-8 согласно планираниот профил со ДУП за Градска Четврт 9, за проект “Купи куќа за млади” KO KOЧАНИ, Општина Кочани (Плански Период 2016 – 2021), од точката 14, па сѐ до почетната најсеверна точка 12.

ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА по Изменување и дополнување на ДУП за Градска четврт 9, за проект “Купи куќа за млади”, Блок 8 и 9, КО Кочани, Општина Кочани, плански период 2019-2024 предлог план, ќе се одржи на ден 07.08.2020г. со почеток во 0930 часот во салата на комлексот АСНОМ, Општина Кочани.

ПОВТОРНА ЈАВНА АНКЕТА по Изменување и дополнување на ДУП за Градска четврт 9, за проект “Купи куќа за млади”, Блок 8 и 9, КО Кочани, Општина Кочани, плански период 2019-2024 предлог план ќе се спроведе во периодот од 04.08.2020 год. до 27.08.2020 год. во кој рок заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови , во писмена форма, кои можат да ги подигнат во архивата во општинската зграда, од веб страната на Општина Кочани, или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Во прилог на анкетните листови да се достави копија од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.

Графичкиот прилог од деталниот урбанистички план ќе биде изложен на огласна табла пред влезот на зградата на Општина Кочани , на веб страната на општината www.kocani.gov.mk., а подетални информации во врска со урбанистичкиот план ќе можат да се добијат во одделението за урбанизам и заштита на животна средина кое се наоѓа на 1кат во општинската зграда.

Линк до графички прилог.