Општина Кочани во соработка со Клубот за планинарски спортови „Осоговски орел“ од Кочани, под мотото „Пешачењето е здравје“ реализира прошетка околу езерото Гратче.
Членови на КПС „Осоговски орел“, граѓанки и граѓани рекреативци поминаа патека долга 7 км, почнувајќи од местото Тополник, преку Галабо до Мактеон, па се спуштија кон Водопадот на Голема Река. Попатно правеа паузи уживајќи во сончевото претпладне, во природата и убавините на познатиот кочански предeл.
Во прошетката учествуваше и градоначалникот Љупчо Папазов, кој истакна дека целта на оваа активност иницирана и поддржана од Општина Кочани е да ја поттикнува физичката активност како фактор за добро здравје, соработката со граѓанскиот сектор и едновремено да ги потенцира природните потенцијали на Кочани.
Активноста се реализира согласно Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2024 г.