Привршуваат градежните активности за бетонирање краци на две улици во селото Прибачево.

Изведувачот на работите, градежната фирма „Коле транс“ бетонира пристапна улица на излезот кон Грдовци, а се бетонира и крак од улицата „Гоце Делчев“, на североисточниот, влезен дел во Прибачево.

Вкупната должина на бетонираните улици е 240 м, а тие се со ширина од 3,5 метри.