По повод одбележување на Петровден, празникот на градот Кочани, Општина Кочани подготви културно-забавна програма во соработка со институции, здруженија и поединци.
Освен објавените содржини во Петровдеснака програма, според програмскиот концепт од 7 до 14 јули во Градскиот парк ќе трае Петровденскиот хепенинг, кој ќе донесе дополнителни културно-забавни содржини и продажни штандови.
По објавениот оглас за организирање на хепенингот, денеска се одржа јавното наддавање.
На јавниот повик беа пријавени двајца понудувачи, од кои „Пролет бар“ понуди највисока понуда.